shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Треневски: Тре Пене е од Сан Марино, но не значи дека ќе биде лесно

Работнички го доби Тре Пене, претставникот од Сан Марино, за прв противник во квалификациите за Лигата на Европа. Во првиот меч составот на Виктор Треневски ќе биде домаќин, а потоа ќе игра и на гости во Сан Марино.

Шефот на стручниот штаб е задоволен од ждребот, но напоменува дека нема никакво опуштање, туку напротив, тимот треба максимално да се подготви за првото европско искушение.

„Тре Пене беше еден од посакуваните противници. Можеби сакавме да ја избегнеме единствено Зета. Го добивме Тре Пене за ривал, претставник од Сан Марино, но тоа не значи и дека не очекуваат супер-лесни натпревари. Ќе се подготвиме сериозно и секако дека сме фаворити, како што впрочем Работнички беше и носител според рејтингот пред денешниот ждреб во Нион. Но, ќе им напоменам добро и на фудбалерите. Ние најмногу се мачевме во првенството на тие, условно, ’полесни’ натпревари за играње“, вели тренерот Виктор Треневски.

Работнилки вчера го одигра првиот пријателски натпревар на летните подготовки во Словенија против албанскиот тим Скендербег, а за два дена го очекува и ’генералката’ против хрватскиот првак Риека.