shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тре Пене од Сан Марино, прв ривал на Работнички во Лигата на Европа

Работнички ќе игра против Тре Пене, претставник од Сан Марино, во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Ова е релативно поволен ждреб за тимот на Виктор Треневски.

rabotnicki-so-tre-pene

Работнички на првиот меч ќе биде домаќин на 29 јуни, додека реваншот на 6 јули ќе го игра на гости во Сан Марино.

Тре Пене минатата сезона заврши на втората позиција во шампионатот на Сан Марино, откако во финалето на плејофот загуби од Ла Фиорита со 2-1.