shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз (3-2) од Воска во Охрид

Работнички доживеа пораз (3-2) од Воска Спорт во 18.коло од Првата фудбалска лига. По ова, првиот дел од сезоната нашиот тим го заокружува на шестата позиција со 23 бода.

Работнички беше подобар на почетокот на мечот, а Гандо Биала во 24.минута со удар со глава го погоди дирекот од противничкиот гол. Но, Воска Спорт обезбеди водство по првиот дел, со голот на Џемил Јахији во 40.минута.

Адам Марушиќ на почетокот на вториот дел погоди за 2-0, а Гандо Биала намали во 54.минута со одличен удар со глава по корнерот на Аломеровиќ.

Работнички продолжи да напаѓа и успеа да израмни со голот на Димитар Тодоровски во 84.минута,

Сепак, Воска Спорт дојде до триумф со погодокот на Сикиру Олатунбосун во 87.минута од мечот.