Пораз (2-0) од Шкендија во Тетово
Работнички го доживеа осмиот пораз оваа сезона во Првата фудбалска лига откако во 16.коло загуби од Шкендија на гостувањето во Тетово со 2-0. По овој пораз, Работнички се наоѓа на осмата позиција со 20 бода, а во следното коло на домашен терен ја пречекува Брера Струмица.
Во првото полувреме Работнички успеа потполно да го неутрализира домашниот тим.
Шкендија дојде во водство во 59.минута. Чинари нафрли на вториот дирек, а Аденис Шала со удар со глава успеа да ја затресе мрежата на Алексовски.
Пет минути подоцна Марселин Гандо Биала имаше можност за израмнување. Тој доби одлична топка од Влатко Стојановски, се одлучи на удар од 15 метри, но го погоди дирекот од голот на Шкендија.
Во 89.минута, Кристоџеј Далеј упати силен удар од 30 метри и исто така го погоди дирекот од голот на Шкендија.
Во судиското продолжение, Енур Тотре постигна втор гол за Шкендија и го реши мечот.