shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тодоровски: Работнички посакува позитивен исход против Шкендија

Работнички по ремито без голови против Гостивар утре ќе патува за Тетово на дуел против Шкендија. Во 16.коло, нашиот тим ќе се обиде да оствари успех против еден од најквалитетните ривали во Првата лига.

Играчот за врска Димитар Тодоровски верува дека Работнички има квалитет да освои бодови од ова тешко гостување.

„Првенството влезе во забрзан ритам во пресрет на крајот на оваа полусезона. Следно искушение е Шкендија, квалитетен тим кој посебно добро игра на домашен терен во Тетово, но ние покажавме дека можеме да се надигруваме со нив на претходните дуели оваа сезона. Со максимално залагање и сериозен пристап, верувам дека можеме да ја исполниме целта и да освоиме бодови во Тетово“, вели Димитар Тодоровски.

Натпреварот меѓу Шкендија и Работнички се игра утре на Градскиот стадион во Тетово, со почеток во 13 часот, а ќе го суди Александар Грујоски од Кичево.