shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Динамо Минск и Рунавик, потенцијални ривали за второто квалификациско коло

Работнички за противник во првото квалификациско коло од Лигата на Европа го доби Тре Пене од Сан Марино, а „романтичарите“ добија солиден ждреб и за следната квалификациска рунда.

Имено, во случај на триумф над Тре Пене, нашиот клуб во второто квалификациско коло ќе ги одмери силите со подобриот од двомечот меѓу Динамо Минск (Белорусија) и Рунавик (Фарски острови). Динамо Минск ланската сезона ја заврши на третото место во Белорусија, со 15 бода заостанување зад шампионот Бате Борисов. Што се однесува до Рунавик, овој аматерски клуб лани исто така беше третопласиран во својата земја со 18 победи, едно реми и осум порази, со заостанување од шест бода зад првакот Викингур.