shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Мавров ќе го суди мечот Силекс – Работнички во Кратово

Работнички в среда гостува во Кратово и ќе ги одмери силите со Силекс во рамките на 14.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Дуелот ќе се одигра со почеток во 13 часот, а одредени се и официјалните лица за овој натпревар.

Васко Мавров од Струмица ќе биде главен судија на мечот меѓу Силекс и Работнички. Ќе му помагаат Ѓорѓи Карајанов (Гевгелија) и Горан Манасиев (Велес). За четврти судија е одреден Марјан Гоцевски (Струмица).

Делегат на овој натпревар ќе биде Тони Донев од Валандово, а контролор на судењето е Алиларџан Хаџипази од Гостивар.

Работнички во пресрет на 14.коло се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 20 освоени бода, додека Силекс е шестопласиран со 15 бода.