shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Најденов: Бодовите од Пелистер да ги вратиме во Кратово

Работнички ја користи репрезентативната пауза за да ги консолидира своите редови по поразот од Пелистер (0-1) во Скопје и да се подготви за следното искушение, гостувањето во Кратово и дуелот против Силекс в среда. Загубениот меч не може да се врати, но можат да се надоместат загубените бодови веќе на следниот натпревар. Вака размислува играчот за врска Бојан Најденов, кој немаше среќа и при ударот од белата точка на овој меч.

„Сакаме да го заборавиме поразот од Пелистер. Навистина не заслуживме да ги загубиме бодовите. Имавме огромна шанса за водство, но, за жал, не реализирав пенал. А, потоа во завршницата и Пелистер помалку среќно постигна погодок за триумф. Но, тоа е зад нас. Сега се фокусираме на следниот натпревар, а тоа е гостувањето против Силекс во Кратово. Ќе биде тоа тежок натпревар, но ние се надеваме дека можеме да надоместиме за несреќниот пораз во претходниот меч. Тренираме напорно и веруваме во подобра игра и позитивен резултат“, вели Бојан Најденов.