shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Елмас стрелец на двата ’теста’ за селекцијата до 21 година

Фудбалерот на Работнички, Елиф Елмас, беше стрелец и на вториот пријателски натпревар што новата генерација на младата репрезентација на Македонија до 21 година го одигра во рамките на селективниот камп во Охрид. Тој го постигна вториот погодок за младата селекција на денешниот тест со Победа (2-2), погодувајќи ја мрежата на прилепчани во 45.минута од средбата.

Претходно, Елмас беше исто така стрелец на еден погодок и на пријателскиот натпревар против Ренова, кој идентично заврши со резултат, 2-2. По ова, младиот играч за врска се враќа на обврските во нашиот клуб и ќе му се стави на располагање на тренерот Виктор Треневски.

Кире Маркоски, пак, се наоѓа со А – репрезентацијата на Македонија во Гранада, во пресрет на утрешниот квалификациски меч против Шпанија.