shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Кире Маркоски очекува деби во А-тимот, Елмас на ’докажување’ кај Милевски

Репрезентативна пауза во првенството, добредојдена за Работнички за консолидирање на формата и за подготовка на тимот за следниот период, до крајот на есенската полусезона. Но, натпреварувачкиот погон не е комплетен, со оглед дека двајца фудбалери имаат репрезентативни обврски.

Кире Маркоски е повикан во А – репрезентацијата на Македонија и заедно со останатите фудбалери од најдобрата селекција се подготвува за дуелот против Шпанија во Гранада на 12.ноември.

Елиф Елмас се наоѓа на селективниот камп на селекторот Благоја Милевски за новата генерација фудбалери кои ќе конкурираат за селекцијата до 21 година. Тој со своите игри во овој шампионат во дресот на Работнички се наметна како еден од најмладите, но и најталентирани македонски фудбалери.

Останатиот дел од тимот на Работнички напорно работи за продолжението од шампионатот. Поразот од Пелистер е веќе заборавен и мислите полека се насочуваат кон следниот предизвик, гостувањето во Кратово и дуелот со Силекс в среда, на 16.ноември.