shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шишковски: Кратово не се освојува лесно, но ние одиме по триумф

Заврши репрезентативната пауза и утре (13 часот) продолжува Првата фудбалска лига на Македонија со натпреварите од 14.коло. На Работнички му претстои гостување во Кратово и дуел со Силекс. По несреќниот пораз од Пелистер на домашен терен, тимот имаше десетона дена за да се консолидира и да се подготви за новите искушенија.

Голманот Дамјан Шишковски смета дека Работнички е подготвен за да одигра квалитетен меч против Силекс, со надеж дека ќе биде остварен значаен триумф.

„Кратово е секогаш незгодно гостување, знаеме дека Силекс игра многу подобро на домашен терен. Трениравме напорно во изминатиот период и мислам дека сме подготвени за да ги исполниме задачите на тренерот Виктор Треневски. Доколку успееме во тоа, мислам дека ќе бидеме поблиску до позитивен резултат. Одиме со надеж за триумф, и ќе го дадеме максимумот за да ја исполниме целта“, најавува Шишковски.