shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Кире Маркоски стрелец во историскиот триумф за Македонија, младите одат на Европско првенство

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година успеа да направи историски успех пласирајќи се на Европското првенство во Полска, завршувајќи го квалификацискиот циклус за ЕП 2017 на првата позиција. Нашиот фудбалер Кире Маркоски беше стрелец на првиот погодок на вечерашниот меч против Шкотска во Скопје (2-0), за водство од 1-0.

Дамјан Шишковски беше на клупата за резервни фудбалери, но беше и повеќе од активен учесник во целиот циклус, а повик добиваше и Елиф Елмас.

ФК Работнички упатува искрени честитки до фудбалерите и до стручниот штаб од младата фудбалска репрезентација на Македонија за остварениот историски успех и пласманот на Европското првенство.