shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички на 181. позиција на вечната листа на УЕФА за ЛШ

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја објави листата на најдобрите 500 клубови од Стариот Континент кои имале забележителни резултати во Лигата на шампионите, заедно со квалификациите во ова натпреварување, од формирањето во 1955 година како Куп на Европските Шампиони, па се до денешен ден. Нашиот клуб се наоѓа на 181.позиција на ова рангирање и е единствен од Македонија заедно со Вардар (174.) меѓу првите 200 клубови.

Според системот за рангирање, за победа се доделувани два бода, додека за реми – еден бод. Меѓу десетте најдоброрангирани клубови се Реал Мадрид, Баерн Минхен, Барселона, Манчестер јунајтед, Милан, Јувентус, Бенфика, Порто, Ливерпул и Арсенал.