shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Дамјан Шишковски прекомандуван во А-тимот за мечот со Израел

Голманот на Работнички, Дамјан Шишковски, е прекомандуван, заедно со Дарко Велковски, во А – репрезентацијата на Македонија за утрешниот квалификациски натпревар против Израел. Селекторите Игор Ангеловски и Благоја Милевски во меѓусебен договор се решија за ваков потег, за да се зголеми конкуренцијата во сениорскиот национален тим за дуелот со Израелците.

„Ова е уште една потврда за нашата добра соработка. Се согласивме дека доколку има потреба Велковски и Шишковски можат да помогнат и да бидат во комбинација за настап за А – репрезентацијата. По завршувањето на натпреварот со Израел двајцата повторно ќе бидат во селекцијата до 21 година“, истакнаа предводниците на репрезентацијата до 21 година и на А – репрезентацијата, за официјалниот сајт на ФФМ.

Во А-репрезентацијата на Македонија сега селекторот Игор Ангеловски ќе има на располагање двајца членови на Работнички, Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски.