shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Се враќаме на арената „Филип Втори“, в сабота против Македонија ЃП од 14.30 часот

Репрезентативната пауза е веќе зад нас и ФК Работнички интензивно се подготвува за продолжението од шампионатот кое следи претстојниот викенд. По паузата, повторно ќе бидеме домаќини на арената „Филип Втори“ во Скопје.

Во претстојното десетто коло од Првата лига, нашиот тим ќе биде домаќин на Македонија ЃП. Мечот е закажан за в сабота, со почеток во 14.30 часот.

По претходните девет кола, Работнички се наоѓа на третата позиција со 13 освоени бода, додека нашиот следен противник Македонија ЃП е последнопласиран, со шест освоени бода.