shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Со победа стартувани подготовките во Словенија

Работнички со победа против словенечкиот АКС Браво од 2-1 (0-0) ги стартуваше своите подготовки во Словенија.

Во натпревар, кој се играше во Терме Чатеж, нашиот тим беше далеку подобар тим на теренот сосема заслужено стигнувајќи до триумфот. Доминацијата уште во првото полувреме не донесе резултатска предност само поради нереализацијата и одличните одбрани на противничкиот голман. Алтипармаковски во 25. минута имаше убав обид од слободен удар, но без погодок, а во 28. минута Маркоски се најде во убава можност по брзиот контранапад, но резултатот остана непроменет.

Сепак, само што почна вториот дел Работнички поведе со голот на Кире Маркоски во 48. минута, а на асистенција на Галиќ. Словенците успеаја да израмнат во 55. минута преку Шкрпец со гол од слободен удар, за да триумфот следи во 86. минута со прекрасниот гол на младинскиот репрезентативец Елиф Елмаз, исто така од слободен удар.

image-0.02.01.d82b35e778808c45909ab92296e7546a3cffba2e0dbf787c89451c6ae2f34f14-V

Шефот на стручниот штаб, Томислав Франц на дуелот можеше на дело да ги види и фудбалерите кои се на проба, Лука Томас и Амир Билали.

Следниот натпревар на “романтичарите” за време на подготовките во Словенија е на 11. јуни против хрватскиот НК Загреб, исто така во Терме Чатеж.

image-0.02.01.777fcf1cd11b6ef4d816313b4cf04a8a61d7ad27b7d4fa22549f37482541fc39-V

АКС БРАВО (Сло) – РАБОТНИЧКИ 1-2 (0-0)

Игралиште во Терме Чатеж, Словенија. Стрелци: Шкрпец 55′(Б); Кире Маркоски 48′, Елиф Елмаз 86′ (Р). Ж. картони: Најдовски, Херера (Р).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Најдовски, Митрев, Цикарски, Трајчевски, Најденов, Сахити, Маркоски, Галиќ, Алтипармаковски.

Уште играа: Божиновски, Елмаз, Херера, Ристовски, Дурански, Наумчевски, Томас, Емир Сахити, Садики, Билали