shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Франц: Новиот тим треба добро да се воигра

Работнички ја одработува втората фаза од летните подготовки во Словенија, во пресрет на настапите во квалификациите за Лигата на Европа. Базата Терме Чатеж нуди одлични услови за тренинг, а Томислав Франц и неговите избраници сакаат да ги искористат на најдобар можен начин.

Европа е голем предизвик, а тренерот Франц во својот состав има неколку промени во однос на минатата сезона. Новите имиња ќе треба да се воиграат во пресрет на првите мечеви во Лигата на Европа.

„Се обидуваме да искористиме максимум од одличните услови кои ни се нудат овде во Словенија. Го имавме првиот тест со словенечкиот тим АСК Браво, шанса добија сите фудбалери, а со оглед дека имаме неколку нови имиња, ќе треба овој период да го искористиме за добро да се воиграме“, вели тренерот Томислав Франц.

Утре Работнички ќе го има и вториот пријателски натпревар на подготовките во Словенија против хрватскиот клуб НК Загреб. Мечот е закажан за 18.30 часот.