shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тимот избра: Душко Трајчевски нов капитен, Силјановски негов заменик

Во пресрет на првиот пријателски натпревар што Работнички го игра денеска со почеток во 18 часот во Терме Чатеж, Словенија, против словенечкиот нисколигаш АКС Браво, беше одреден и новиот капитен за претстојната сезона.

sostanok 2

По одржаниот состанок меѓу фудбалерите и стручниот штаб, Душко Трајчевски е избран за нов капитен на Работнички и нему ќе му припадне честа да биде ’прв меѓу еднаквите’ претставувајќи го нашиот клуб на фудбалскиот терен.

За прв заменик на Трајчевски, кога е во прашање носењето на капитенската лента, е избран Горан Силјановски.