shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Франц поведе 22 фудбалери за Словенија: Тестови со АКС Браво, Загреб и Омонија

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Томислав Франц поведе 22 фудбалери, меѓу кои и најновите засилувања, на патот за Словенија каде нашиот тим од утре ќе ја реализира втората фаза од подготовките за европските настапи.

Базата на Работнички ќе биде во Терме Чатеж, а нашиот тим покрај базичните летни подготовки ќе одигра и три пријателски натпревари. Првиот тест дуел е предвиден за 8. јуни со словенечкиот нисколигаш АКС Браво, вториот е закажан против НК Загреб на 11. јуни. Овие два натпревари ќе бидат одиграни во Терме Чатеж. Генералката ќе биде против кипарскиот прволигаш Омонија на 14. јуни во Бишофсхофен.

„Романтичарите“ денеска во попладневните часови го одработија и последниот тренинг во Скопје, пред вечерашното заминување за Словенија.