shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Суад Сахити и Леон Најдовски ги продолжија договорите

Работнички ја продолжи соработката уште со двајца свои фудбалери и за наредниот двегодишен период. Суад Сахити се обврза на нова верност кон нашиот клуб, продолжувајќи го договорот за уште две сезони. Крилниот играч ќе остане во дресот на Работнички до јуни 2018 година.

IMG_2804

Нов договор потпиша и дефанзивецот Леон Најдовски. Тој исто така ќе остане дел од нашиот клуб најмалку две сезони.

„Ги продолживме договорите со Суад Сахити и со Леон Најдовски. Тие се млади, но веќе докажани прволигашки фудбалери, со несомнен квалитет. Работнички ќе ги задржи во своите редови, надевајќи се дека во наредниот период ќе го покажат целиот свој потенцијал и дека дополнително ќе напредуваат“, вели спортскиот директор Иван Поповски.