shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Стојанче Стојанов ќе го суди мечот Работнички – Воска

Работнички во седмото коло од Првата фудбалска лига, в недела (15 часот) ќе биде домаќин на Воска Спорт. Мечот ќе се одигра на арената „Тодор Проески“. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија ќе биде Стојанче Стојанов од Штип, а ќе му помагаат Кристијан Џонов (Штип) и Стојан Костадинов (Струмица). Четврти судија ќе биде Крумислав Ѓорѓиев (Штип).

За делегат на натпреварот е одреден Берат Исмаили (Гостивар), а контролор на судењето ќе биде Алиларџан Хаџипази (Гостивар).