shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Велкоски и Гандо Биала донесоа триумф против Воска Спорт

Работнички ја оствари третата победа оваа сезона во Првата фудбалска лига откако на арената „Тодор Проески“ го совлада тимот на Воска Спорт со 2-0. Избраниците на Милан Илиевски беа подобри од ривалот и заслужено славеа триумф.

По седмото коло, Работнички се наоѓа на шестата позиција на табелата со 10 освоени бода.

Работнички тргна офанзивно, со намера да го отвори резултатот. Воска одолеа половина час, а потоа дојде водството за нашиот тим. Шафик Кагиму доби одлична топка во шеснаесетникот, тргна во дриблинг и беше фаулиран. Судијата досуди пенал, а успешен реализатор беше капитенот Крсте Велкоски во 31.минута.

Во второто полувреме, Мазари му подготви одлична шанса на Петковски, но тој не ја прими топката најдобро и не искористи одлична можност на стартот на вториот дел.

Затоа, во 59.минута, Марселин Гандо Биала успеа да постигне втор гол за Работнички и да го потврди триумфот.

Работнички во следното коло го очекува гостување кај првакот Струга Трим Лум.