shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Фуркан Идризи ќе го суди мечот Работнички – Брегалница

Работнички в недела ќе ја пречека Брегалница во 31.коло од Првата фудбалска лига. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, со почеток во 17 часот.

Одредени се официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија на мечот е Фуркан Идризи од Тетово, а ќе му помагаат Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓевски. Четврти судија е Јосип Бартон од Скопје.

За делегат на натпреварот е одреден Гоце Шопоски од Струга, а контролор на судењето ќе биде Делчо Јакимовски од Скопје.