shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Горди на Елиф Елмас – Од академијата на Работнички до „скудетото“ во Серија А

Беше поинаков уште од најмала возраст. Од него зрачеше неверојатен оптимизам и желба за успех. Отсекогаш имаше огромна самодоверба во своите фудбалски квалитети и не се плашеше да ги покаже ниту на своето деби во првиот тим на Работнички со едвај наполнети 16 години, ниту на дебито во репрезентацијата на Македонија.

Предодреден за да успее. Елиф Елмас.

Гордост на ФК Работнички, веќе голема ѕвезда во Серија А, но голем другар, пријател и сѐ уште скромно момче кое е еден од нас. Доаѓа да нѐ посети во секој слободен момент кога е во Скопје.

Тој е пример за сите млади од нашата академија, урнек дека талентот и потенцијалот не познаваат граници и дека и секое младо момче од Работнички може да ги достигне и европските величини, да го освои „скудетото“ во Серија А!

Честитки, Елиф, за тебе само небото е лимит. Веруваме дека ќе има уште многу трофеи, и посакуваме да ја оствариш и целта која ја зацрта уште додека беше во Работнички – „Златната топка“ !