shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Кире Маркоски погоди за триумф (0-1) против Победа во Прилеп

Работнички ја оствари деветтата победа во Првата лига оваа сезона откако на гости ја совлада Победа со 0-1. Стрелец на единствениот гол за нашиот тим беше Кире Маркоски во 30.минута од натпреварот. По овој триумф, Работнички се наоѓа на осмото место на табелата со 31 бод, колку што има и седмопласираниот Тиквеш, пред меѓусебниот меч следниот викенд.

Работнички беше подобар противник на денешниот натпревар во Прилеп. Крсте Велкоски и Анес Рушевиќ најавија дека нашит тим е заинтересиран единствено за трите бода, а по половина час дојде и водството. Аломеровиќ одлично продре по левата страна, ја уфрли топката во петерецот каде се најде Кире Маркоски и ја затресе мрежата.

Во второто полувреме, Кире Маркоски, Крсте Велкоски, Марселин Гандо Биала имаа шанси и за удвојување на предноста, но не беа доволно прецизни. Гандо Биала во 78. минута ја погоди гредата од голот на Победа.