shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Гандо Биала донесе триумф (1-0) над Скопје

Работнички го оствари осмиот триумф оваа сезона откако во 27.коло славеше против ФК Скопје со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Марселин Гандо Биала во 80.минута. Тој се снајде одлично во финишот на мечот и со удар со глава успеа да постигне погодок за важни три бода.

По оваа победа, Работнички се наоѓа на осмата позиција со 28 освоени бода.

Работнички беше подобар тим на денешниот дуел и залужено стигна до победа. Во седмата минута рамката од голот го спаси Скопје по обидот на Мазари, а во 23.минута и Николче Шаркоски имаше одлична шанса да донесе водство.

Сепак, на полувреме се замина со почетниот резултат.

Во вториот дел, Работнички сѐ повеќе притискаше, а на крајот и дојде до посакуваната цел со голот на Марселин Гандо Биала.