shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Минимален пораз (0-1) од Краковија на вториот тест во Анталија

Работнички загуби (0-1) од полскиот прволигаш Краковија на вториот пријателски натпревар на подготовките во Анталија. Давид Јаблонски беше стрелец за Краковија во 54.минута.

Тој одлично реагираше по корнерот од левата страна и со удар со глава од непосредна близина ја затресе мрежата на Работнички.

Најубавата шанса за Работнички ја имаше Марио Станковски во 62.минута, но неговиот шут од десетина метри го одбрани противничкиот голман.