shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички ги комплетираше подготовките во Анталија

Тимот на Работнички ги комплетираше зимските подготовки во Анталија. Тимот на Борче Христов одработи 12 дена во турскиот туристички центар, одигра три пријателски натпревари и денеска се враќа во Скопје, каде ќе следи глазура на формата пред почетокот на пролетниот дел од првенството.

Работнички на подготовките во Анталија ги победи украинскиот прволигаш Лвов (1-0) и рускиот второлигаш Факел (3-0), а загуби од полскиот прволигаш Краковија (0-1).

Последниот пријателски натпревар е закажан за в сабота (13 часот) против второлигашот Кожув во Гевгелија.