shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ерменецот Вардан Погосјан, ново засилување за Работнички

ФК Работнички успеа да доведе ново засилување во навалната линија во пресрет на почетокот на новата сезона во Првата лига. Нов фудбалер на нашиот клуб е ерменскиот интернационалец Вардан Погосјан, кој доаѓа од редовите на ерменскиот Пјуник.

25-годишниот напаѓач потпиша едногодишен договор со Работнички, со опција доколку двете страни се задоволни од соработката, да биде продолжена за уште една дополнителна сезона. Погосјан веднаш му се става на располагање на шефот на стручниот штаб Виктор Треневски.

Погосјан е и потенцијален ерменски репрезентативец и досега има одиграно три натпревари за националниот тим на својата земја.