shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Подарок дрес за Кристијан Стоилков (ФОТО)

Поранешниот голман на Хоризонт Турново, Кристијан Стоилков, кој се опоравува од сериозната повреда на главата, здобиена на фудбалски меч, дојде денеска во Терме Чатеж да го следи натпреварот меѓу Работнички и Скендербег. Тој се наоѓа на рехабилитација во Копер, и сакаше да се дружи и да ги поздрави „романтичарите“.

Фудбалерите на Работнички возвратија со подарок дрес за Кристијан Стоилков, на кој ги ставија своите потписи, како знак на благодарност за денешната посета.