shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички ремизираше против Скендербег

Работнички ремизираше (1-1) против албанскиот тим Скендербег на првиот пријателски натпревар на подготовките во Словенија. Беше тоа убава проверка на формата за тимот на Виктор Треневски пред настапот во квалификациите за Лигата на Европа.

rabotnicki-skenderbeg-1

Двата гола беа постигнати во второто полувреме, Лилај од пенал во 76.минута го доведе Скендербег во водство, а Флоријан Кадриу возврати само една минута подоцна.

rabotnicki-skenderbeg-3

Тренерот Виктор Треневски го изведе следниот стартен состав за Работнички на овој натпревар: Божиновски, Илиев, Најдовски, Митрев, Херера, Трајчевски, Најденов, Дурански, С. Сахити, Велинов, Кадриу.

Натпреварот меѓу Работнички и Скендербег го следеше поранешниот голман на Турново, Кристијан Стоилков, кој посериозно се повреди и сега е во фаза на рехабилитација.

rabotnicki-so-kiko