shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Даниел Божиновски уште една година во Работнички

Голманот Даниел Божиновски го продолжи договорот со Работнички за уште една сезона. Искусниот чувар на мрежата ќе му биде на располагање на тренерот Виктор Треневски и во наредната сезона, и тимот дефинитивно ќе има силна конкуренција на голманските позиции, заедно со репрезентативецот Дамјан Шишковски и младиот Ристо Јанков.

Тимот на Работнички ги продолжува летните подготовки, а од следната седмица се сели во Словенија, каде втората фаза ќе биде реализирана во Терме Чатеж.

Засега, во редовите на Работнички се доведени две нови засилувања, Стојанчо Велинов и Енис Дервиши. Договорите им истекоа на искусните Горан Силјановски и на Филип Ивановски, а спогодбен раскин на договорот има и со Бенјамин Демир, на кого клубот му излезе во пресрет на барањето да пронајде средина каде ќе има поголема минутажа.