shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Енис Дервиши, нов „романтичар“

Работнички денеска почна со подготовки, воедно и го комплетираше своето второ засилување за следната натпреварувачка сезона потпишувајќи договор со Енис Дервиши. Станува збор за перспективен 19-годишен фудбалер кој досега го носеше дресот на Шкендија и кој би требало одлично да се вклопи во концептот на Работнички, каде младите играчи вообичаено добиваат шанса да ги покажат своите квалитети.

Дервиши, кој настапува на позицијата десен бек, воедно се појави и на денешниот прв тренинг на „романтичарите“ и ќе патува со тимот на подготовките во Словенија, обидувајќи се да се избори за место во екипата за претстојните натпревари од европските купови.

Само за потсетување, нашиот клуб претходно го договори и трансферот на офанзивниот фудбалер на Ренова, Стојанче Велинов.