shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Иван Поповски: Честитки за младите селекции, иднината на Работнички

Сениорскиот тим на Работнички избори пласман во Лигата на Европа, ќе игра повторно на меѓународна сцена, но клубот е посебно горд на успесите што ги остварија селекциите од пионерско-младинската школа. Тоа го потенцира и спортскиот директор на Работнички, Иван Поповски.

rabotnicki-mladi-radost

„Имавме успешна сезона со сениорскиот тим, кој ја исполни целта и се пласира во квалификациите за Лигата на Европа. Сепак, посебна гордост за клубот се младинските селекции, кои уште еднаш покажаа дека Работнички ја има најдобрата фудбалска школа во Македонија. Младинците го освоија Купот на Македонија, кадетите прославија двојна круна, беа најдобри и во првенството и во Купот, помладите пионери славеа во првенството, а генерацијата фудбалери родени 2002 година исто така се закитија со двојна круна. Тоа посебно не исполнува, не прави горди, и не мотивира сите во клубот да продолжиме да работиме уште понапорно во иднина. Затоа што токму младите се иднината, а Работнички е клуб што им ја дава вистинска шанса за да успеат и да се промовираат подоцна и во сениорскиот состав“, вели спортскиот директор на Работнички, Иван Поповски.