shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тројца фудбалери на Работнички на конечниот список за ЕП во Полска

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, Благоја Милевски, ќе поведе тројца фудбалери на Работнички на Европското првенство во Полска. Тоа се Дамјан Шишковски, Кире Маркоски и Елиф Елмас.

Благоја Милевски денеска ги соопшти дополнителните седум имиња од помладата генерација, кои ќе се приклучат на првичниот список од 17 фудбалери, и меѓу нив се најде Елиф Елмас. Од претходно беше познато дека на списокот на Милевски се наоѓаат и голманот Дамјан Шишковски и напаѓачот Кире Маркоски.

Фудбалерите на Работнички веќе се во репрезентативната база, а Елиф Елмас има повик и во А-селекцијата за вечерашниот пријателски меч против Турција, како и квалификацискиот меч со Шпанија на 11 јуни. Во А-тимот се наоѓа и капитенот на Работнички, Душко Трајчевски.