shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Кадетите ја прославија двојната круна

Тие се иднината, и на Работнички, и на македонскиот фудбал. Кадетската екипа на Работнички беше надмоќна изминатава сезона, освојувајќи ги сите трофеи. Избраниците на тренерот Горан Станковски го освоија шампионатот на Македонија, а потоа во Охрид беа најдобри и во Купот, освојувајќи го пехарот и во најмасовното натпреварување.

За најдобрите, секако следува и изненадување – клупска прослава за освоените трофеи. Во друштво на претседателот на клубот, Драган Поповски, кој им ги честиташе успесите, младите фудбалери ја прославија успешната сезона.