shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички почнува со летни подготовки на 8 јуни

Актуелната сезона за Работнички заврши изминатиот викенд, со последното коло од Првата лига, но летната пауза за шефот на стручниот штаб Виктор Треневски и за фудбалерите ќе трае многу кусо. Веќе е закажан првиот собир за летните подготовки, а Треневски ќе прозива на 8 јуни. Тимот нема да биде комплетен поради обврските што одредени фудбалери ги имаат кон репрезентативните селекции, но тогаш официјално почнуваат летните подготовки за новата сезона, и пред се настапот во квалификациите за Лигата на Европа.

„Ја закажав првата прозивка на 8 јуни. Тогаш почнуваме повторно со работа, стартуваме со летните подготовки за настапот во Лигата на Европа, и секако, за новата сезона во македонскиот шампионат. Паузата за фудбалерите ќе биде многу куса, ќе нема многу време за одмор, но таков е европскиот фудбал, посебно во ситуација кога македонските клубови се натпреваруваат уште од стартот на квалификациите. Не очекуваат нови предизвици, и затоа им порачав на фудбалерите најдобро што можат да го искористат ова кусо време за добро да се одморат. Во меѓувреме, раководството и стручниот штаб ќе бидат активни и на другите полиња“, истакнува шефот на стручниот штаб, Виктор Треневски.