shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шишковски: Работнички чекори според планот

Работнички ремизираше без голови на гостувањето во Прилеп против Победа и успеа да се зацврсти на третата позиција на табелата во Првата лига. Конкурентите за излез во Европа доживеаја порази, па и овој резултат донесе одреден бенефит.

Голманот Дамјан Шишковски е секако задоволен, затоа што неговата мрежа остана да мирува и на втор меч во низа. По триумфот над Шкендија (1-0) во Скопје, сега и на гостувањето против Победа (0-0).

„Најважно е што Работнички чекори според планот. Се наоѓаме на третата позиција, која носи излез во Европа и ќе се потрудиме до крајот да ја задржиме. Сега се зависи од нас, доколку ние победуваме, ривалите не можат да не изместат од посакуваното место. Но, има уште многу до крајот, и мораме да останеме фокусирани. Што се однесува до мене, од голмански агол, секако дека мора да се биде задоволен, кога мрежата ќе остане мирна“, вели Дамјан Шишковски.