shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ивановски: Респект за Ренова, бодовите ни се потребни

Работнички утре на „Телеком Арена“ ја пречекува Ренова (почеток 14 часот) во рамките на 21. првенствено коло со амбиции да ги освои трите бода. По успешниот старт против Македонија ЃП и ремито на Чаир против Шкупи, напаѓачот Филип Ивановски се надева дека првиот пролетен меч на домашен терен ќе биде заокружен со триумф.

„Имаме максимален респект за Ренова, тоа е квалитетен тим кој игра стандардно добро, а во своите редови има поединци кои можат на секој тим да му го загорчат животот на првенствените дуели. Но, подготвени сме за предизвикот, за првпат пролетва ќе играме на домашен терен и ќе сториме се за да ги освоиме трите бода. Потребни ни се во трката за излез на европската сцена. Верувам дека ќе одиграме на високо ниво и дека ќе успееме да ја исполниме нашата цел“, изјави Филип Ивановски.

Работнички по 20 одиграни кола се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 32 освоени бода, додека Ренова е петтопласирана, со 27 бода.