shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ставрев ќе го суди мечот Работнички – Ренова

Работнички утре, со почеток од 14 часот, ќе ја пречека Ренова на „Телеком Арена“ во рамките на 21.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Одредени се официјалните лица за оваа средба.

Александар Ставрев од Скопје ќе ја дели правдата на првенствениот меч. Ќе му помагаат Марјан Кировски (Скопје) и Дејан Костадинов (Скопје). Четврти судија ќе биде Никола Костенчев (Скопје).

За делегат на натпреварот е одреден Антонио Насевски (Кратово). Контролор на судењето е Зоран Јосифов (Кавадарци).