shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Договорени пријателските натпревари во Анталија

Втората фаза од зимските подготовки Работнички ќе ја реализира во турската база Анталија, каде веќе традиционално неколку години се подготвува нашиот тим. Договорени се и контролните натпревари што Работнички ќе ги одигра во Анталија.

На 28.јануари, нашиот тим ќе ги одмери силите со украинскиот клуб Днипро, два дена подоцна ќе следи меч со рускиот клуб Терек Грозни, а на 2.февруари противник ќе биде унгарскиот клуб МТК.

За 4.февруари е планиран уште еден тест – натпревар, и најверојатно ќе биде одигран неофицијален тренинг натпревар со украинскиот клуб Олимпик Доњецк, со кој ќе бидеме сместени во истиот хотел во Анталија.