shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Тимот почна со работа во сала (ФОТО)

По вчерашната прозивка, фудбалскиот погон на Работнички од денеска почна и со спроведување на зацртаната програма за зимските подготовки. Претпладневниот тренинг се одржа во сала, каде фудбалерите одработија еден воведен сегмент за подобрување на физичката подготвеност, а ритамот постепено ќе се зголемува.

trening rabotnicki sala 2

Работнички ќе работи во својата база до 26.јануари, кога тимот ќе замине на подготовки во Анталија. Во турската подготвителна база ќе биде реализиран главниот тек од подготовките. Но, дотогаш, според програмата на шефот на стручниот штаб Виктор Треневски, фудбалерите треба да имаат значителна ‘километража’ во нозете.

trening rabotnicki sala 3