shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Алтипармаковски: Сакам да си одам од Работнички како победник

Работнички во вторник (18 часот) го пречекува црногорскиот клуб Будуќност во рамките на првиот меч од квалификациите за Лигата на Европа. Двомечот против Будуќност ќе значи и простување на напаѓачот Марјан Алтипармаковски од дресот на нашиот клуб. Потоа кариерата ја продолжува во хрватскиот прволигаш Интер Запрешиќ.

„Сакам да си заминам од Работнички како победник. Имам голема желба да го елиминираме Будуќност, и тоа да биде еден вид убаво простување за мене со клубот. Поминав две одлични години во Работнички, прекрасни денови, сакам да им се заблагодарам на сите, почнувајќи од претседателот, раководството, тренерите, соиграчите, се до економот. Ќе го дадам својот максимум и на претстојните два натпревари со Будуќност, со надеж дека ќе го елиминираме црногорскиот тим и победнички ќе се разделам со клубот и со соиграчите“, истакнува Марјан Алтипармаковски.

Тој веќе потпиша договор со Интер Запрешиќ, хрватскиот клуб на кој ќе му се придружи по реваншот со Будуќност во рамките на Лигата на Европа.

„Добив добра понуда од Интер Запрешиќ и ја прифатив. Убави зборови за мене кажал репрезентативецот Илија Несторовски, кој играше одлично во дресот на овој клуб, и оттаму направи трансфер во Палермо“, вели Алтипармаковски.