shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Чешкиот судија Збинек Проске ќе дели правда на мечот Работнички – Будуќност

УЕФА ги одреди службените лица за натпреварот меѓу Работнички и Будуќност, во рамките на првото квалификациско коло од Лигата на Европа, кој ќе се одигра во вторник (28 јуни), со почеток од 18 часот, на арената „Филип Втори“ во Скопје. Правдата на овој меч ќе ја дели чешкиот судија Збинек Проске.

На Проске ќе му помагаат неговите сонародници, Радек Котик, Роберт Хајек и Павел Јулинек (четврти судија).

Обсервер на УЕФА на овој меч ќе биде Џерард Пери од Република Ирска.