shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички ќе игра против Будуќност во квалификациите за ЛЕ

Работнички го доби црногорскиот прволигаш Будуќност за противник во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Ждребот во Нион сакаше тимот од Црна Гора да биде наш прв ривал во новата европска одисеја која ќе стартува во средината на јули.

Будуќност го заврши изминатото првенство на Црна Гора на втората позиција, со освоени 63 бода, четири помалку од шампионот Младост Подгорица.

Според ждребот, Работнички ќе биде домаќин на првиот натпревар, додека реваншот ќе се игра седум дена подоцна во Подгорица.