shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Изборот е скусен: Ордабаси, Зарја, Будуќност, Санта Колома и Европа…можни ривали на Работнички

Во пресрет на денешниот ждреб во Нион, УЕФА ги одреди подгрупите за квалификациите за Лигата на Европа, по што подоцна ќе биде познат и противникот на Работнички.

grupa 6

Можни ривали на нашиот клуб се Ордабаси (Казахстан), Зарја Балти (Молдавија), Будуќност (Црна Гора), Санта Колома (Андора) и Европа (Гибралтар), кои се меѓу неносителите во групата 6.

Ждребот за првото квалификациско коло од Лигата на Европа ќе биде извршен во 13 часот, а за второто квалификациско коло во 14.30 часот.