Вечерен тренинг под рефлектори, аклиматизација за финалето на Купот (ФОТО)
Работнички се подготвува за големото финале на Купот на Македонија против Шкендија, кое ќе се одигра в понеделник, со почеток во 20 часот, на арената „Филип Втори“. Токму поради тоа, тренерот Томислав Франц вечерва одржа тренинг под рефлектори на нашиот комплекс, за фудбалерите да се аклиматизираат што е можно подобро за дуелот кој следи по два дена.
Утревечер, со почеток од 20.30 часот, Работнички ќе го држи и својот официјален тренинг на теренот на арената „Филип Втори“, во пресрет на финалниот дуел в понеделник.