shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Франц: Едната мисија е исполнета, сега одиме по трофејот во Купот

Работнички на едно коло до крајот на плејофот во Првата фудбалска лига и дефинитивно ја исполни зацртаната цел, за нов излез на европската сцена следната сезона. Со ремито без голови против Брегалница, нашиот тим ја оствари целта, и се наоѓа на третата позиција на табелата во пресрет на завршниот меч од шампионатот, против тимот на Вардар, кој успеа да ја одбрани титулата.

rab tren 13А сега комплетниот фокус на тренерот Томислав Франц и фудбалерите се насочува кон подготовките за финалето на Купот на Македонија, против Шкендија, кое е закажано за 16 мај, со почеток во 20 часот, на арената „Филип Втори“.

„Едната мисија веќе ја исполнивме. Тоа што го зацртавме пред почетокот на шампионатот, да обезбедиме ново учество на европската сцена, и дефинитивно го реализиравме. Повторно ќе играме во квалификациите за Лигата на Европа, каде ќе се обидеме да ги повториме успешните игри од минатото лето. Но, за тоа ќе размислуваме подоцна, затоа што сега комплетно се фокусираме на претстојното финале во Купот на Македонија. В понеделник не очекува третото финале во низа во Купот, а ние посакуваме да стигнеме и до третиот пехар во серија“, вели тренерот на Работнички, Томислав Франц.