shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички и дефинитивно во Европа

Работнички ремизираше без голови против Брегалница во Кочани и освои бод со кој и дефинитивно обезбеди пласман во Европа. На едно коло пред крајот на плејофот во Првата фудбалска лига, нашиот тим се наоѓа на третата позиција на табелата со 43 освоени бода.

На денешниот меч против Брегалница, избраниците на Томислав Франц покажаа голема желба и борбеност, но не успеаја да го пронајдат патот до мрежата на противникот. Но, најважно е што мируваше и мрежата на Дамјан Шишковски, а бодот и дефинитивно го носи Работнички и во следната сезона на европската сцена.

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 0-0

Градски стадион во Кочани. Судија: Фатон Мустафи (Тетово). Помошници: Иса Емурли (Јегуновце) и Небојша Ѓорѓијевски (Брвеница). Делегат: Цветко Костовски (Скопје). Ж. картони: Митров, Коцев, Здравков (Брегалница), Најденов, Јованоски, Шишковски (Работнички).

БРЕГАЛНИЦА: Павлов, Ристовски, Митрев, Станковиќ, Христов (73’ Наумов), Жежов (68’ Темелков), Коцев, Митров (64’ Илијев), Блажески, Здравков, Нацев.

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Илиевски, Цикарски, Трајчевски (59’ Јованоски), Петровиќ, Најденов, Галиќ, Сахити (79’ Херера), Елмас, Алтипармаковски (89’ Пушкариќ).