shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Цикарски: Нема „криенка“ за финалето на Купот, одиме во Тетово да се надигруваме

Работнички утре (16 часот) ќе и гостува на Шкендија во Тетово, во рамките на првото коло од плејофот во Првата фудбалска лига. Иако тетовци се во сериозна битка за шампионската титула, а со Работнички ќе играат во финалето на Купот, Мите Цикарски вели дека нашиот тим нема да игра „криенка“ на овој првенствен дуел и дека ќе игра максимално, со намера да освои бодови.

„Не очекува тешко гостување против Шкендија во Тетово. Противникот ќе има голема поддршка од својата публика, но тоа ќе биде дополнителна мотивација и за нас да одиграме добар натпревар. Знаеме дека со овој ривал ќе се сретнеме и во финалето на националниот Куп, меѓутоа нема никакви калкулации, ние сакаме да излезе во Европа со добар пласман во шампионатот и затоа одиме во Тетово да се надигруваме, со надеж дека ќе освоиме бодови. Максимално сме фокусирани на првенствените искушенија, а за финалето на Купот ќе размислуваме кога ќе дојде “, вели левиот бек Мите Цикарски.

Работнички плејофот го започнува од петтата позиција на табелата со 36 освоени бода, додека Шкендија се наоѓа на второто место со 63 бода.